Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени.
Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло. (МИА)
Во Маврово и Лазаропле во изминатите 24 часа имало најмногу дожд. Во Маврово, според информацијата од УХМР, наврнале 47 литри на метар квадратен и 45 литри во Лазарополе.
Врнежи од дожд се регистрирани повеќе во западниот дел од земјата. Во Битола и Претор наврнале 32 литри на метар квадратен, во Пожаране 30 литри, Крушево 28, Охрид 23 литри, Дебар 19, Тетово, Куманово и Тополчани 12 литри, Прилеп 10, осум Скопје Петровец, седум во Скопје Зајчев рид и Ѓуриште, три во Штип, два во Гевгелија и еден литар во Струмица, Крива Паланка, Демир Капија, Берово и Дојран.