Oткако го раситнаа првиот милион прегледи на “Јутјуб”, “Нешто ќе те питам бабо” на музичкото дуо “Некст тајм”, одекна и на стадион во Турција. Во пресрет на натпреварот од турската Супер лига помеѓу Коњаспор на нашиот Адис Јаховиќ и Сиваспор, одекна “Нешто ќе те питам бабо”.
“Вака се сака својата Македонија 🇲🇰!!! Нешто ќе те питам бабо дури и на стадионите во Турција. Адис Јахович капа доле кралу !!!”, напишаа “Некст Тајм” на Фејсбук.
https://www.facebook.com/watch/?v=2472262409459659
Преработката на народната песна „Нешто ќе те питам бабо“ за само 24 часа беше прегледана од околу 300.000 луѓе што е апсолутен рекорд за македонски видео спот, а според платформата „youtube“ видеото е на место број еден од трендинг листата во Македонија.
Во интервју за Точка „Некст тајм“ ги откриваат локациите каде што е снимен спотот за нивната најнова преработка.
Спотот почна да се снима од јануари, февруари, имавме потешкотии со локациите затоа што е зима и работите не се баш така достапни. Цирипашина на Шар планина не е така едноставно да ја качиш во лето, не па во зима. Да донесеш 15 души екипа на врв на планина каде што времето е -30 речиси и дува ветер со 90 км на час.
Другите делови се снимаа во изградена просторија наменски за потребите на овој видео запис. Отворените сцени близу Свети Николе.
Ако се уште не сте ја виделе и чуле песната еве го линкот до видеото: