Новак Ѓоковиќ, првиот светски тенисер, одлучи да ја сподели својата утринска навика со неговите фанови на Инстаграм, нешто што никогаш не го пропушта.
– Добро утро за сите. Значи, вака го започнувам секој ден. Прво, земам топла минерална вода со лимон и лимета. Потоа го разгледувам мојот омилен дел во фрижидерот, каде што ги држам зелените стебла од целер. Од нив преку соковник со ладно цецење правам сок и го пијам, открива Новак.
Според него, најдобар начин да се започне денот е да пие овој сок.
– Овој сок е полн со минерали, соли и сѐ уште неоткриени елементи кои го чистат црниот дроб. Прави чуда, и за мене и за мојата сопруга, но и за нашите деца. Сепак, тие не го сакаат чист, туку го пијат со краставица или сок од јаболко – откри Ноле од Мелбурн, каде што е подготвен да освои уште еден Австралија Опен.