Неверојатен луксуз: Адел со новото момче се пресели во холивудската вила на Сталоне (ФОТО)

|

Светската музичка ѕвезда Адел и нејзиното момче Рич Пол направиле уште еден чекор во врската и решиле да живеат заедно.

Пејачката со ангелски глас веќе се вселила во вила која се простира на 3,5 хектари вредна 58 милиони долари во Беверли Хилс,која претходно била во сопственост на легендарниот холивудски актер Силвестер Сталоне, пишува Дејли Мејл.

Адел (34) се огласи на Инстаграм и сподели голем број фотографии. На една од нив вљубен пар ги држи клучевите од нивната нова куќа.

Инаку мегапопуларниот Роки, Рамбо…. Силвестер Сталоне веќе подолго време ја продаваше прекрасна вила, која ја купил во 90-тите години на минатиот век.

Првично вилата чинеше неверојатни 110 милиони долари, но немаше купувачи, па подоцна ја спушти цената на 85 милиони долари, пишува „Магазин новости“.

-Имотот има вкупно осум спални соби, сместени во истиот дел од населбата каде некогаш живееле Лиза Вандерпамп и Род Стјуарт.