Maрјан Колчакоски од Прилеп беше најсреќен на наградната игра од “Моцарт Обложувалници”. Toj на последниот ден од наградната игра погоди најголема квота и ќе вози џип “Hyundai Tucson”.
На својот тикет уплатен за само 20 денари, Марјан погоди квота 11892,63 коефициент и покрај џипот освои добивка во висина од 303.265 денари.
„Се чувствувам одлично. Редовно играв и на крајот имав среќа да ја погодам најголемата квота и да го добијам џипот.“ – изјави Марјан Колчакоски, мајсторот кој ја погоди најголемата квота на натпреварот “ПОГОДИ ЈА НАЈГОЛЕМАТА КВОТА и освои Hyundai Tucson” од Моцарт обложувалници.
Погледнете за каква мајсторија станува збор:
Пред два месеци бевме сведоци на уште два неверојатни тикети кои беа уплатени во скопско Драчево. Иван и Далибор во месец март во обложувалница на „Спорт Лајф“ во Драчево уплатиле два идентични тикети по 20 денари кои им донесоа неверојатни 2.722.384 денари.
Иако тикетите се идентични, а разликата во уплатата е неполна минута, добивката е различна бидејќи коефициентот за победа на Аполон Лимасол против Омонија Никозија од 1,38 се намалил на 1,25. Поради тоа на едниот тикет има бонус од 96 отсто, додека на вториот е 88 отсто, а вкупниот бонус на двата тикети изнесува 1.305.934 денари.
На тикетите има по 31 натпревар, а коефициентите на натпреварите се движеле од 1.19 до 1.7.