Неверојатна анимација: Погледнете како се топел мразот на Арктикот во изминатите 25 години

ИЗВОРСкопје24
|

Американската вселенска агенција НАСА откри како мразот на Арктикот се менувал и топел во периодот од 1991-ва до 2016-та година.

Замрзнатиот слој на Арктикот за време на зимските месеци се зголемува, а на лето се топи. Од посебна важност за овој циклус е тоа што мразот најпрвин се топи во Северниот Атлантик, а потоа слојот се зголемува во Бофоровото море во близина на американската сојузна држава Аљаска.

Сепак, во изминатите години има се помалку и помалку формирање на мраз, а неговото обновување е далеку помало во однос на минатото.

На социјалната мрежа Фејсбук беше објавено одлично видео на кое што од Американската вселенска агенција (НАСА) открија како замрзнатата покривка на Арктикот се менува и практично исчезнува од 1991-ва до 2016-та година како последица на глобалното затоплување.

Видеото погледнете го ТУКА.