НЕВЕРОЈАТНА НАЈАВА НА ЗАЕВ НА АЛСАТ-М: За 6 месеци во земјава се отвора фабрика на Фолскваген вредна 150 милиони евра!!!

ИЗВОРСкопје24
|

Премиерот Зоран Заев беше гостин во емисијата 200 на Алсат-М и во таа прилика беше запрашан да издвои некој голем економски проект кој ќе се случи годинава, на што премиерот одговори со најава за германска инвестиција.

„Премиере, ајде кажете економски некој проект кој ќе се случи оваа година а кој ќе биде значаен за земјата?“ – запраша новинарот.

– За 6 месеци во земјава ќе дојде голема германска компанија со инвестиција од над 100 милиона евра! Засега не го кажувам името, но ќе се дознае, беше одговорот на премиерот.

Како што дознава Мактел дека се работи за автомобилскиот гигант, Фолскваген со инвестиција од 150 милиони евра.

Пред неколку недели тој откри дека Македонија лобира за влез на голема инвестиција во државата, за која што како рече се бара локација во регионот.

Заев во таа прилика рече дека се надева дека Македонија ќе успее да ги привлече тие инвеститори кои ги меркаат и Србија и Бугарија, а лобирал кај советникот во кавинетот на канцеларката Меркел.

По изгласување на уставните измени кои ќе го одблокираат процесот на евроинтеграциите премиерот денеска кажа дека иднината на земјава е јасно трасирана.

Можеме само да погодуваме за кој бренд станува збор, но како што разбравме од неофицијални извори, инвестицијата ќе биде еден од најголемите германски брендови и значително ќе влијае врз подобрувањето на економскиот стандар во Македонија.

Инаку Премиерот Зоран Заев, еден ден по гласањето за Договорот за името со Грција, за како што рече, историскиот момент им се заблагодари на пратениците за големата и одговорна одлука. Тој вели дека знае колку носењето на таа одлука било тешко и вели дека ја разбира и горчината, но и гордоста.

„Да се прифати овој договор значи горчината да се остави во минатото, и со гордост да гледаме во иднината, напишавме историја и ги отвориме страниците на иднината“, рече Заев.

Тој вели дека Договорот ќе значи дека кон НАТО и ЕУ, Северна Македонија ќе пристапи како полноправна членки. А како нивна членка ќе се гарантира безбедноста, стабилност, а земјата ќе биде и економски силна.

„Одлуката во Парламентот е одлука против изолација, несигурност и сиромаштија, одлука што им дава сила на младите да бидат рамо до рамо со европските врсници“, вели тој.
Тој очекува Договорот да биде ратификуван и од грчкиот Парламент, а потоа Грција да го потпише протоколот за пристапување кон НАТО, за да бидеме 30 членка на Алијансата. Заев вели дека со решавањето на спорот со Грција, нашата земја веќе нема отворено прашање со соседите.

„Креиравме модел за решавање спорови со кој го добивме симпатиите од меѓународните партнери“, вели премиерот Заев.

Потоа се осврна и на помирувањето дома и на домашните задачи, на кои вели дека сега целосно ќе им се посветат.
„Ја подготвивме почвата и засадивме семе, но секој знае дека тоа е само чекор до плодна жетва и резултати“, вели Заев.
Вели дека сега ќе тргнат кон нов економски поход за да го обезбедат она што го ветуваа – подобар живот, подобри можности и фер општество.
Тој вели дека очекува министрите да работат понапорно и пефокусирано за да го направат животот подобар, оти како што вели граѓаните нема да прифатат одолговлекувања, а нема да прифател ни тој.

Премиерот се обрати и до опозицијата, побара од нив постојано да ја потсетуваат власта на своите одговорности, но и опозицијата да не попречува и да биде одговорна.

Што се однесува до повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, Заев рече дека тоа прашање ќе се отвори на партиските тела и за тоа ќе се разговара.