Ова е еден од најпрецизните погодоци што ќе ги видите оваа година, а не се работи за спортски настан, туку за семејна кавга!
На видеото се гледа како мајката излегува на патот, и од околу 30 метри, ја погодува својата ќерка со папуча по грб.
Настанот веројатно е снимен во Мексико, а жената која гаѓа, ја охрабрува машки глас, велејќи и: „Ајде, ајде, удри ја!”
Погодената ќерка беше толку изненадена што падна на патот, а мајката се изнасмеа за нејзиниот прецизен удар.
Сите знаеме дека ова е најтипичниот балкански начин на „казнување“ на децата, и видеото можеби кај многумина ќе ги отвори „старите ради“ од детеството. Не си растел на Балканот ако барем еднаш родителите не те „удриле“ со влечка… Сепак веројатно девојчето на видеото не е повредено, па слободно можеме да се насмееме на оваа хумористична ситуација.