Психолошки тестови можете да најдете на секој чекор, и секој од нив ни покажува некој нов аспект од нашиот карактер и ни открива работи кои потсвесно ги правиме или сакаме. Нема еден единствен тест кој е најточен или најдобар, затоа секој оној кој ви изгледа интересен можете да го направите, а резултатите секогаш ќе ве изненадат.
Овој тест е еден од нив. Во зависност од тоа како ја цртате спиралата дознајте нешто повеќе за вашата личност!
Ако започнете да ја цртате спиралата од внатре кон надвор: Кога љубите некого се чувствувате најмоќно и најсреќно. Познато е дека вие сте личност која секогаш нуди рамо за утеха на пријателите.
Имате силна волја и ја разбирате важноста на љубезноста и сочувството. Вие сте страсвен љубовник до крај. Кога некому треба помош вие сте први да помогнете. Љубезни сте и добри за себе и за пријателите.
Ако започнете да ја цртате спиралата од надвор кон внатре: Верувате дека добрината, напорната работа и упорноста се клучни особини кои сите треба да ги имаат, и дека ние никогаш не смееме да се заборави важноста на семејството и пријателите. Забавите ви ја полнат енергијата. Уживате кога сте во друштво на позитивни луѓе кои наликуваат на вас.
Мудри сте и зрели, повеќе отколку дргите луѓе на ваша возраст. Се трудите да размислувате логично, но секогаш го следните срцето. Не сакате да се расправате со луѓето, но штом еднаш ја изневерат вашата добрина вие ставата крај од кој нема враќање.