Една невеста донесе тешка одлука и ја откажа венчавката откако нејзиниот татко го откри барањето што семејството на нејзиниот партнер и го постави зад грб.
Таткото на невестата раскажа дека неговата ќерка неодамна се верила и дека отсекогаш го сакал нејзиниот вереник, кого до неодамна го сметал за љубезен и скромен.
Меѓутоа, кога тој бил заедно со семејството на избраникот на неговата ќерка, во неколку наврати, забележал дека сватовите имале многу чудни забелешки. „Не знам зошто работи, зарем тоа не е работа на нејзиниот сопруг? Нејзина работа е да се грижи за децата“, коментирале тие.
Додека невестата се подготвувала за венчавката, семејството на нејзиниот свршеник го поканило само нејзиниот татко на кафе односно состанок. Тие му побарале мираз и рекле дека девојчето нема да работи откако ќе се омажи. Таткото бил шокиран од фактот дека некој бара мираз во 2020 година, а исто така знаел дека неговата ќерка сака да продолжи да работи.
“Почна да плаче велејќи дека не знае дека нејзиното момче е со толку уназадени ставови. Ме праша што да правам, а јас и реков дека не е принудена и може да се откаже од бракот ако сака. Таа ја откажа венчавката и сега ме напаѓаат и нејзиниот поранешен свршеник и неговото семејство. Не ми е важно, само среќата на мојата ќерка е важна за мене “, рече таткото.
Вистинските имиња се намерно изоставени од оваа сторија.