Невидени цени: Во Будва лимонада 9 евра, кока кола 6 евра!

ИЗВОРСкопје24
|

Фотографиите кои се појавија на друштвените мрежи се од еден бар на подрачјето на Будва, во екот на сезоната, а од цените кои ги нудат за туристите ќе ви заврти во глава.

Доколку го погледнете ценовникот ќе забележите дека цените се доста високи. Коментарите кои се пишуваат за ценовникот се – Будва е поскапа од Монте Карло!

Ако сакате да седнете во овој бар да испиете свежо цеден портокал, ќе платите 11 евра, додека за сок од ананас наплаќаат 16,20 евра.
Цените на пијалаците во тој бар почнуваат од 7,60 евра.

Тоа е цената на една чаша сок од домат, но ако сакате тој да е свежо исцеден ќе треба да платите дури 12 евра.

Будва е приморски град во Црна Гора. Центар е на општината Будва и има 13,338 жители. Брегот околу Будва, наречен Будванска ривиера црногорски: Будванска ривијера), е центарот на туризмот во Црна Гора и е добро познат по неговите песочни плажи, богат ноќен живот и прекрасни градби во стилот на средоземноморската архитектура.