Невообичаено топлото време за мај месец продолжува – утре попладне, па за време на викендот локално НЕВРЕМЕ

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа утре претпладне времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, додека во попладневните часови, како и за време на викендот ќе биде особено нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие остануваат МНОГУ ВИСОКИ и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. Пад на истите за неколку степени ќе има во недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki