До крајот на денов и вечерва времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи претежно од снег. На планинските места снежната покривка же се зголеми дури за 20 до 30 цм, а нова ќе е формира и на некои пониски места, и тоа особено во западните и во југозападните предели и истата локално ќе биде со висина од над 15 цм. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Повремено врнежите има услови да преминуваат во дожд и снег, или влажен снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.
Потоа во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи претежно од снег. Снежната покривка на планинските места ќе продолжи да се зголемува, додека нова ќе се формира и на некои пониски места, а таму каде што ја има на пониските места истата ќе се зголемува. Особено од среда ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однедува до температурите, минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека од средината на неделата истите понекаде ќе се спуштат дури идо -10 степени, а на планинските места и под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, а од средината на неделата истите ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 6 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.