НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНИОТ БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: МОЖНА Е ПОЈАВА НА ПРВИОТ МРАЗ ЗА ОВАА СЕЗОНА

ИЗВОРНов Лист
|

Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Особено во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север и од североисток, од утре температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ, а ќе дува и умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за појава на локален дожд, особено во среда попладне и навечер, кога на највисоките планински врвови има услови за сосема слабо провејување на СНЕГ. Температурите, особено од средината на оваа недела ќе бидат значително под просекот и минималните понекаде ќе се спуштат дури до околу 0 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Целосно стабилизирање на времето се очекува од четврток.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.