Невозможна мисија: Теа Трајковска среде концертот на Стинг остана заглавена во ве-це, вистинско чудо е како излезе

ИЗВОРСкопје24
|

Младата пејачка Теа Трајковска вчеравечер беше меѓу публиката на Градскиот стадион во Скопје на концертот на светски популарниот музичар Стинг.

Откако по половина концерт мораше да го посети тоалетот, и се случи нешто од кое многумина се плашат, вратата не се отварала, па останала заглавена, сама во целата бука сред концерт.

Да бидете немоќни да ја отворите вратата, а притоа да нема никој да ве слушне и помогне, е навистина незгодно. Иако е русокоса, Теа откако ја слушна омилената песна од Стиг веднаш дојде до идеја како да си ја реши маката.

Па така, единствена алтернатива според неа во тој момент била да се протне од малиот отвор под врата, а од објавената фотографија на социјалните мрежи од „местото на настанот“ , ќе останете во чудо како ли успаела.

Во случајов витката линија и еластичноста очигледно биле пресудни да излезе, но и намерата во ниеден случај да не ја пропушти музичката ѕвезда.

Како дополнување на описот за она што и се случило, напиша дека кога ова го видела мајка и, останала фрапирана за постапката и умешноста на ќерка си. Секоја чест Теа!

Извор: Вистина.мк