Главниот град Скопје, но и поголемиот дел од територијата на Северна Македонија, го зафати невреме попладнево, јави Тв21.
Автомобилите тешко се движат по автопатот кон Велес, па дел од нив застанаа на страна и чекаа да се смири времето за да го продолжат својот пат.
Багер се судри со автобус на ЈСП
Бизарна сообраќајка се случила попладнево во населбата Капиштец, кога се судриле мал багер на ЈП„Водовод“ и автобус бр. 57 на ЈСП, објави 24 Инфо.
Незгодата се случила на улицата Васил Ѓоргов кај стариот ТЦ „Капиштец“. Во судирот најверојатно нема повредени.
Од МВР засега немаат информации за сообраќајката.