Град или може да се каже дури и мраз – во битолско, поточно на местото кај Буковски мост, предмалку се случи невреме.
Метео прогнозерот Славчо Попоски напоменува дека е можен понатаму град со поголем пречник! Може да дојде до „опасно невреме“ – вели Попоски – особено во источната половина и североисточниот како и источниот дел.
– Истото важи и за утре, постои опасност од изразено невреме, затоа граѓаните да бидат крајно претпазливи – вели потсетувајќи ги и скопјани дека и во Скопје и околината овој викенд може да дојде до краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.