Хрватска попладнево ја зафати невреме кое дошло од Словенија, јавуваат локалните медиуми.
Кај Карловац врнел заледен дожд, во Самобор паѓал град, а силниот ветар во Загреб корнел кровови од куќи.
Во еден дел на Загреб ветерот искорнал дел од кров на станбена зграда.
Gepostet von Republika Nedelnik am Dienstag, 2. Juli 2019
Počelo je!Tuča u Samoboru prije nekoliko trenutaka. U Zagrebu naglo zapuhao jak vjetar!Video: Mirela Razum
Gepostet von Neverin.hr am Dienstag, 2. Juli 2019
Кај нас како што информира метеорологот Славчо Попоски пеколниот бран и екстрмено високите температури на воздухот продолжуваат и понатаму и истите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 41 степен додека незначителен пад на истите ќе има во петок и за време на викендот за потоа повторно да бележат тенденција на пораст.
Сепак атмосферата немада биде стабилна следните денови и тоа под влијание на висински циклонски систем и значителната влага која ќе ја имаме во атмосферата па така во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Атмосферата е премногу загреана поради изразениот африкански бран и истата е исполнета со многу енергија, токму поради ова локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења и појава на град. Локално невремето може да биде и поизразено однсоно со град од поголема величина (покрупен).
Во случај на појава на електрични празнења овие денови да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така да се избегнува зборување на мобилен телефон доколку се наоѓате на отворен простор. Исто така додека траат електричните празнења домашните уреди да бидат исклучени.