Невреме во неколку скопски населби, откорнат покрив во Тафталиџе

|

Невреме со врнежи од дожд и град зафати делови од Скопје попладнево. Невремето траеше кратко, а ги зафати скопските населби Карпош, Тафталиџе и Ѓорче Петров. Силниот ветар откорна покрив од зграда во Тафталиџе.

„Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета. Зградата се наоѓа на улица Женевска, Тафталиџе- Скопје.“- информираат од ЦУК.

Краткотрајното невреме направи штети на дрвјата и ги поплави улиците. Сообраќајот се одвиваше отежнато, а отеѓнато беше и движењето на пешаците. Најава за силно невреме имаше речиси за целиот Балкански полуостров.