Невремето и ветерот попладнево скрши неколку помали дрва во Скопје (ФОТО)

|

Невреме со силен дожд, ветер и грмотевици попладнево го зафати Скопје.

Засега не се забележани поплавени површино, но силниот ветер искрши некои гранки на помали дрва во градот.

Можеби најпогодена беше населбата Волково.

Претходно и од УХМР најавија дека под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.

Утре во северните делови ќе има пад на температурата за околу 3 степени.

И во делови од Скопската Котлина денес и утре во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со град.