Времето во Македонија денеска облачно и врнежливо, а така ќе биде се до вторник. Се очекуваат и силен ветер и грмежи.
Како што претходно најавија метеоролозите почнувајки од денеска па натака кон подрачјето на Македонија се приближува нова ЦИКЛОНСКА активност што ќе ни ја донесе и новата промена на временската состојба.
Ова се температурите од рано наутро според Accuweather, а во дел од градовите веќе започна и дождот.
Метеорологот Славчо попоски излезе и со рана мете прогноза за летото кое ќе ни претстои оваа година:
Многу позагреана атмосфера но и потопло за разлика од изминатата година како и можност за појава на силни невремиња проследени со интензивни поројни дождови, силни ветришта, локални поројни поплави и град. Таква е сликата за претстојното лето за Европа, регионот но и за Македонија, известува метеорологот Славчо Попоски за 1Тв.
Феноменот ЕЛ НИЊО како што и претходно најавивме значителн о ќе ја загрее Европа и Балканот оваа година и ќе услови почести продори на топли бранови од северните предели на Африка кој ќе условат температури кој повремено ќе се искачуваат и над 40 степени. Со ова и тоа поради атмосферата исполнета со многу енергија во фелови од Европа и Балканот има можност за појава дури и на суперќелии како и торнада.
Во Македонија пак ова лето почести ќе бидат дестабилизирањата на атмосферата и појавата на конвективна облачност проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер и град, но сепак и кај нас летото ќе биде натпросечно топло со почети продори на топли бранови од Африка.