Парот со оштетен слух свадбениот танц го замени со специјална изведба на песната „Немир“ од Тоше Проески и Каролина Гочева.
Младенците, кои потекнуваат од Битола и Неготино, на знаковен јазик го изведоа познатиот македонски дует.
На гробот на Тоше пред неколку години беше оставена порака “Слепите те гледаат, глувите те слушаат”. Таа порака и ден денес стои на неговото вечно почивалиште.
Овие заљубени се доказ за тоа. Ова е можеби и најубавото нешто што сме го виделе поврзано со Тоше.
Видеото погледнете го ТУКА.