НИ ДОАЃА ГОЛЕМ ПРАЗНИК – помолете се на овој светец на 12 мај, него го поврзуваат со многу чуда

|

Православната црква и верниците на 12 мај го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец, чиишто чудотворни дела се познати насекаде.

Манастирот Острог во Црна Гора е место на кое луѓе од целиот свет го бараат своето спасение и се молат на Бога, но и се обидуваат да се излечат. Тие се молат за среќа и здравје, за себе и за своите најблиски. Чудата се возможни, а тоа го докажуваат приказните кои се пренесуваат за ова место.

Острошките монаси забележале стотици чуда и тие се чуваат во библиотеката на манастирот Острог. Некои од нив ги објавил јеромонахот Иринеј Гавриловиќ, а ние ви ги пренесуваме во целост:

-Еден занаетчија од околината на Никшиќ многу се разболел. Лекарите утврдиле дека парализата е во последен стадиум. Тие се откажале и му соопштиле на семејството дека нема лек за неговата болест. Човекот не можел да се движи. Некој роднина ги посоветувал да го посетат манастирот Остроф на Свети Василиј, но тој одбил, бидејќи бил атеист, неверник. По извесно време, во сон му се јавил Свети Василиј и го повикал во манастирот.

На крај човекот одлучил да го посети манастирот. Тој се исповедал и цела ноќ ја поминал во манастирот, каде му читале молитви. По кратко време целосно оздравел, а од благодарност кон светецот на својот син му го дал името Василије.

-Вера Ј., млада девојка од околината на Бар, службеничка, изненадно се разболела во 1950 година, од тешко нервно растројство и поради тоа не била способна за никаква работа.

Целиот текст прочитајте го на 4NEWS со клик ТУКА.