Ни доаѓа големиот празник – во сабота ова мора да го направите

|

Во сабота е Лазарова сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, a точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упо коениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и уб* ството на Христос на Голгота.

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека (во некои делови на Македонија пеат и момчиња, како на пример во Тетово) одат низ населените места и пеат лазарски песни.

Има повеќе такви и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакува напредок на семејството, здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.

Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи. Еден од нив е да се носат гранчиња, но не било какви, туку од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците.

На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во сѐ што ќе доживееме овие денови е скриена и тајната на нашето верување во Исус Христос, нашиот Спасител.