Утре попладне особено во западните предели од Македонија, а во среда и на многу места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради зголемената енергија во Атмосферата, повторно локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за релативно кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и со услои за појава на град. Локално градот би можел да биде покрупен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината исто така особено во среда попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максимумот на температурата во Скопје деновиве ќе се искачи до околу 33 степени.
За време на викендот, и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот.
Поради очекуваниот нов бран на врнежи, грмежи и локално невреме, утре попладне, а особено во среда апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи.