Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега веќе нема. Зголемениот број на случаи доаѓаат од најчесто познати кластери. Информациите кои ги добивме од терен се дека мерките не се почитуваат. Направени се контроли во текот на вчерашниот ден.
Се направи надзор во Центарот за јавно здравје во Тетово и не се почитува самоизолацијата, од увидот во Штип непочитување на правилото за транспорт посебно во конфекциите, истакна Филипче.
Тој додаде дека во Сарај, Бутел, Чаир и Аеродром има најмногу во последниот период.
„Загрижува уште повеќе и тоа што граѓани со решение за самоизолација се шетаат надвор и барам поголема ажурност од МВР. Повторно ќе воведеме рестрикции ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Засега се уште нема потреба, се будно следиме и ако има потреба пак ќе ги вратиме.
Ние не можеме вечно да живееме затворени и одговорноста за враќање во нормала е сега на секој граѓанин во нашата држава – вели првиот човек во здравството.