Се најавува силно невреме во Македонија по портокаловата пеколна фаза, а главното прашање кога врне и грми е што треба да се исклучи, што да се прави, а што не.
Во Европа, а и кај нас, стандарден напон е 220 волти, а ударот на громот може да ослободи напон од неколку милиони волти. Што значи тоа? Тоа значи дека удар на гром во вашата куќа или во близината, ќе ве остави без електронски апарати кои не можат да ја издржат таа волтажа.
Единствен начин да го спречите тоа е да исклучите се од струја кога грми, а прв на удар е компјутерот од кој може да ги загубите сите податоци, но и сите други електрични апарати, како и телевизорот.
Најважно е да не се бањате додека грми. Водата е спроводник на електричната енергија, а металните цевки може да бидат погодени од гром. Бањањето за време на олуја е најлоша идеја.
Инаку, како што информираат метеоролозите времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе имаме до доцна вечерва. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Во Скопската котлина ќе продолжи да биде ветровито со засилен северен ветер, а до крајот на денот ќе има и појава на пороен дожд и грмежи.
Времето утре променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо и ветровито со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од14 до 20, а максималната од 26 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер.Температурите меѓу 18 / 28 степени.