Никогаш не ја фрлајте пепела: Дознајте што можете да правите со неа

|

Земјоделците сигурно знаат дека пепелта може да биде одличен додаток на земјата, па често ја користат за прихранување на почвата, како и заради зголемувањето на нејзината киселост.

Особено е погодна за растенија кои бараат повеќе калциум како доматот, спанаќот, белиот лук, но и розите.

При садењето на овие растенија, добро е да додадете четвртина шолја од дрвена пепел во земјата.

Исто така, доколку измешате пепел со вода и ја оставите таа мешавина да отстои неколку дена, после цедењето можете да ја употребувате како одлично средство за чистење подови и сребрени работи, но и за дамки од ᾽рѓа на мермерни површини. Со погуста смеса од пепел и вода, во вид на паста, можете да ги исчистите и дамките од мебелот.

Пепелта ефикасно ги отстранува и непријатните миризби од домот, но и од фрижидерот, а дејствува слично како и белата киселина, која се користи за неутрализирање на миризби од мувлосани прехранбени производи.

Определени штетници, како полжавите и разни инсекти, не ја поднесуваат пепелта, па лесно ќе се ослободите од нив со ова средство. Ова важи и за мравките. Корисно е и во визбата да ставите во секое ќоше по малку пепел, како заштита од глувци, бубашваби и други штетници.