Никогаш не ја истурајте водата во која се вареле јајца: Може да биде многу корисна

|

Кога станува збор за тестенините, сите знаеме дека водата во која се варени не треба да се фрла бидејќи може да се користи за сосови. Но, малку е познато дека водата во која се вареле јајцата може да се користи за растенијата!

На растенијата им одговара калциумот, тој придонесува за нивната сила, а го има во водата во која се вареле јајца. Исто така, калциумот помага да се одржи добра pH вредност на почвата. Важно е да се почека водата да се олади до собна температура пред да ги наводните растенијата.

Ако не сте сигурни дали на вашето растение му недостасува калиум, обрнете внимание на следниве симптоми:

Жолто-кафени дамки на листовите, кои се опкружени со кафеава граница, и бавен раст. Доволното количество калциум во почвата ги прави растенијата помалку подложни на болести и оштетувања.

Ако лисјата на вашите растенија се суви и немаат сјај, обидете се да ги оживеете на начин на искусните градинари.

Ставете само малку мајонез на чиста крпа и со неа избришете ги листовите на растенијата. Не само што ќе имате прекрасни, сјајни лисја од растенија, туку мајонезот ќе се разгради и целосно ќе ја собере насобраната прашина.