„Никогаш не се откажувајте“ – моќна порака од жена која го доби своето прво дете на 50 години

|

Во повеќето случаи жените во своите 50-ти години од животот го организираат полнолетството на некое од своите деца, но факт е дека не секој е доволно среќен или има можности да има дете пред 30-тата година од животот.

Една од тие жени е и Сузи Троклер, на која својата најголема желба да има дете и да се добие најважната улога на светот, да биде мајка, и се исполни на речиси 50 години!

Таа го роди своето прво дете, девојчето по име Лили, на 29 септември во болницата Кон Мемориал во Северна Каролина и беше пресреќна за тоа.

– Беше нереално. Ние веќе не сме само маж и жена, ние сме мајка и татко – рече Трокслер во соопштението за медиумите од болницата.

Трокслер и нејзиниот сопруг Тони (61) се венчаа во 2008 година и неколку пати се обидоа да добијат дете по природен пат, но не можеа. Пред само две години се одлучија за ин витро оплодување.

По неколку неуспешни обиди, пристигна панде*ија и многу клиники за ин витро оплодување беа привремено затворени. Претходно оваа година, на 1 февруари, таа одлучила да се обиде повторно и овој пат успеала.

– И еве ја Лили. Тоа беше животно патување – изјавила 50-годишната мајка., на која поради возраста, бременоста и била ризична, но поминала без никакви потешкотии.

Според Американскиот колеџ за гинекологија и акушерство, „жените кои забремениле подоцна во животот имаат поголем ри зик од компликации вклучувајќи прееклампсија и други здравствени проблеми“.

Сепак, желбата да стане мајка била поголема од нејзината грижа за сопственото здравје.

– Знаев дека еден ден ќе станам мајка. Не знаев како тоа ќе се случи, природно, преку процесот на ин витро оплодување или посвојување. Но, знаев дека ќе бидеме родители. Не сакавме да се откажеме. Имавме верба во тоа, сонувавме за дете – додаде Трокслер.

– Од медицински аспект ова беше невозможно, но таа е тука – заклучила новопечената мајка.