Долг временски период Ноне Неделковска не е дел од македонската музичка сцена. Имено, слатката Ноне замина да работи на брод. Не е сомневаме дека одлично и оди со оглед на тоа што постојано е активна на социјалните мрежи, а од таму може да се види дека навистина ужива во новата професија.
Овој пат се пофали со нова фризура, со каква досега не сме ја виделе. Веќе неколку години долгата црвена коса е нејзин заштиитен знак, а дали се решила само за перика или пак навистина направила драстична промена, не знаме. Сепак, ова ново издание одлично и прилега.
-Нема повеќе црвена коса, пишува таа во описот на фотографијата каде позира со колешките.
По осум години работа на море Ноне напредуваше и стигна до позицијата советник за убавина на фришоп која носи поголема одговорност.
Иако постојано е на различна дестинација од светот, таа е во постојана виртуелна комуникација и активност со своите роднини, пријатели, следбеници, а не ретко знае да си дојде во родното Велес.