Иако во хотелските понуди прашањето на козметиката во изминатите неколку години и тоа како се прошири, една работа и понатаму нема да ја добиете во вашата хотелска соба.
Пастатаза заби и понатаму останува главната хотелска материја, а новинарот Даниел Енгбер истражувал зошто пастата за заби и понатаму никогаш нема да ја добиете во вашата хотелска соба.
Станува збор за необична комбинација – гостите од хотелите не ја бараат доволно често, па сопствениците со намера да заштедат што повеќе за паста за заби не сакаат да ги трошат своите парични средства.
Уште една ситница е заслужна за изоставување на пастата за заби од хотелските соби. некои хотелиери истакнуваат дека не постојат скапи и луксузни брендови на паста па поради потсвества гостите не можат да се восхитуваат на тоа.
Во скапите хотелски соби пасти нема затоа што таа не е доволно скапа. Во евтините хотелски соби ја нема затоа што им е прескапа.
Освен тоа пастата за заби не е клучна во категоризација на хотелите или пак апартманите. Додека пак во хотелите со пет ѕвезди на списокот се наоѓаат, два сапуни, шампон, фен за коса, прибор за бричење и капа за туширање, а пастата за заби спаѓа во сугестиите.
Хотелите би можеле да осигураат паста за заби, но не го прават тоа. Никој не знае зошто. Работите отсекогаш се такви и очигледно засекогаш ќе останат такви.
„Не добиваме паста за заби затоа што не ја бараме, а не ја бараме затоа што не знаеме дали смееме да го направиме тоа“ – заклучил новинарот.