Никогаш не било полесно: Отстранете ги масните наслаги од шпоретот за 2 минути

ИЗВОРНов Лист
|

Сон на секоја домакинка е да има блескаво чиста кујна, но исто така веројатно сите знаат дека во реалност и не е баш секогаш така. Брзиот начин на живот, како и обврските не секогаш ни дозволуваат доволно време за чистење.

Хигиената е многу значајна, но времето е пари, па затоа неретко одбираме да ја исчистиме кујната само онолку колку што мораме, за таа да биде функционална, додека темелното чистење го оставаме за некое послободно попладне.

Токму време е она што ни е потребно да за темелно се посветиме на хигиената во домот, особено кога станува збор за чистење на посложени работи, како што на е шпоретот, на кој најчесто се наталожни масни наслаги, чие отстранување се чини невозможна мисија.

Сте испоробалре разни производи за оваа намена, но ретко кој дава одлични резултати кога е во прашање шпоретот? Доколку е ова случајот и со вас, ви преставувам средство кое ќе стави крај на овој здодевен проблем.

Домашен трик за темелно и ефикасно отстранување на масните дамки од шпоретот

Ќе ви биде потребно: Стапче за уши, Стара четка за заби, Неколку капки амонијак или тинктура од анасон

Начин на употреба: Потопете го по памучното стапче во раствор од амонијак и поминете преку масните наслаги на шпоретот. Почекајте неколку минути и ќе забележите како маснотијата сама ќе започне да паѓа. Доколку има повеќе масни наслаги и истите се потврди, тогаш употребете четка за заби и обичен сунѓер.

Се подразбира, рерната не треба да се чисти со штетни хемиски средства, а за нејзино ефикасно чистење ќе ви помогнат средства како обична сода бикарбона и лимонска киселина.