Никогаш повеќе нема да ви се затне одводот дома – Решете го проблемот со 2 состојки

ИЗВОРНов Лист
|

Колку и да внимаваме што испуштаме низ одводот во кујната или бањата, сепак неизбежно е по извесен период тој да се запуши, но не очајувајте затоа што има едноставно решение.

Ако сакате да го решите проблемот со затнатиот одвод дома, или едноставно да спречите да се затне, направете домашна и моќна мешавина.

Се што ви е потребно е да измешате оцет и сода бикарбона. Доволно е пола шолја сода да ја ставите во одводот, па да додадете шолја оцет и шолја врела вода.

По 20 минути откако ќе ја истурите смесата, излијте ја во одводот со помош на вода.

Исчистете ги ѕидовите лесно, а дом ќе мириса свежо
Домакинка од Австралија открила одличен начин за чистење на ѕидовите. Бонус е што целата куќа ќе ви мириса на свежо испрани алишта.

„Некаде прочитав дека жените ги чистеле sидовите со омекнувач за облека за да мирисаат добро. Морав да го пробам ова и се навлеков ’“, напиша оваа Австралијанка на својот Фејсбук профил.

Што треба да направите? Растворете половина чаша омекнувач во кофа со топла вода и почнете со чистење. Толку едноставно.

„Ѕидовите се чисти и мирисаат одлично. Престојот во мојот стан е како да шетате низ градината на рози. Не можам да ви кажам колку е добро ова“, напиша таа во коментарите на социјалните медиуми.

Нејзиниот „рецепт“ го испроба друга домаќинка, но на вратите! Ефектот бил неверојатен.

„Кој би рекол вратата е всушност бела“, изјави таа за австралиските медиуми. „Јас искористив малку посилно срество и тврда четка за чистење и рибав „како луда“. После тоа, само го избришав со чиста крпа – неверојатно!”

Пробајте и вие и кажете ни дали навистина функционира!