Топлите денови пристигнаа а честопати добиваме совети за внесување доволно течности во организмот. Носиме шише со вода каде и да одиме, а понекогаш го забораваме во автомобилот, целосно несвесни дека со тоа можеме да предизвикаме пожар.
Имено, сончевата светлина која минува низ шише со вода како низ лупа, може да го запали седиштето во автомобилот. Видеото подолу покажува колку може да биде опасно обично шише. Погледнете го видеото и внимавајте да не заборавите шише вода во вашиот автомобил.