Дали може да одолеете на парче чоколадна торта? Речиси и да не постои човек кој може! А за денес ви имаме подготвено рецепт за вистинско чоколадно чудо- Со богат сладок вкус, притоа без јајца!
Супер чоколадна торта без јајца
Потребни состојки 1,5 шолји брашно 3 супени лажици какао во прав 1 кафена лажица сода бикарбона Прстофат сол 1 шолја шеќер ¼ шолја путер 1 шолја вода Половина супена лажица екстракт од ванила 1 супена лажица бел вински оцет или сок од лимон Половина кафена лажица растворено кафе Начин на подготовка
Загрејте ја рерната на температура од 180°C. Покријте го садот за печење со соодветна хартија за печење, премачкајте со масло за готвење и одозгора нанесете и брашно.
Следно, измешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Во одделен сад, измешајте ги шеќерот, путерот, водата, оцетот и кафето. Мешајте, додека шеќерот не се растопи целосно.
Потоа, измешајте ги двете смеси до добивање една соединета мазна смеса. Добиеното тесто исипете го во садот за печење и печете 35-40 минути. Откако тортата ќе се излади, исечете ја на парчиња, а одозгора декорирајте со течна и изрендана чоколада.
Пријатен апетит!