Никој нема да има поволшебна боја: Рецепт за вселенски велигденски јајца

|

Велигден е пред нас па време е да запишете некои нови идеи за бојадисување на велигденски јајца. Со оваа дефинитивно ќе бидете уникатни!

Впцањето велигденски јајца со чај од хибискус стана сè попопуларно уште пред некоја година, а доколку го комбинирате со гел боја ќе ги добиете најубавите вселенски јајца.

Вселенски јајца со посебен дезен како небо полно со ѕвезди и специфична боја која не може да се купи – тајната е во природното вапцање на јајцата со чај од хибискус. Ова е исклучително брз и лесен начин за украсување јајца, а вие добивате необична, оригинална и интензивна боја, толку волшебна што вашата велигденска корпа и трпеза ќе блеснат.

Постојат различни начини за бојадисување на јајцата на природен начин. На пример, виолетова и сина боја се добива со варење виолетова зелка, добро познатиот кромид дава кафено-бордо нијанса, додека куркумата е ненадмината кога се работи за пастелно жолта боја. Кај природниот начин на вапцање важно е да се користат бели јајца, со цел бојата подобро да се прими.

Потребни состојки: 10 бели јајца, 80 грама чај од хибискус, 1 лажица сол, 800 мл вода (400 мл во секој сад), 100 мк оцет, масло, црвена гел боја на јајца (опционално).

Подготовка: Во лонец ставете јајца и сол и сварете ги на класичен начин. Поделете го хибискусот во два сада, по 40 грама во секој, а потоа истурете по 400 милилитри вода и 50 милилитри оцет. Се остава да отстои неколку минути, па се додаваат по 5 јајца во секој сад.

Оставете ги јајцата да отстојат во бојата најмалку 3 часа, полека извадете ги со лажица и наредете ги на салфетка, ќе добиете интензивна боја и дезен кој потсетува на ефектот на мермерот. Оставете ги јајцата целосно да се исушат, па ако сакате, можете дополнително да ги разубавите со додавање на гел боја. Во топла вода ставете кесичка гел боја да се загрее, потоа истурете неколку капки на ракавица и истријте ја бојата на јајцето. Двете бои совршено ќе се спојат и ќе добиете прекрасен дезен кој можеме да го наречеме „вселенски“ јајца. Кога јајцата целосно ќе се исушат, премачкајте ги со масло за да блеснат.