Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан ја прославија 16-годишнината од бракот.
Познатата актерка во таа прилика се присети на денот на нивната венчавка и напиша дека го памети „како да е вчера“.
„Засекогаш“, додаде актерката покрај фотографијата на која младенците палат свеќи.
Никол и Кит се запознале во 2005 година, а една година подоцна се венчале во Австралија. Тие ги имаат ќерките Сандеј Роуз и Фејт Маргарет, а Кидман има и две деца, Изабел и Конор, со поранешниот сопруг Том Круз.
Актерката пред неколку години изјави дека тајната на бракот со Кит лежи во посветеноста на семејството. Таа истакна дека е многу среќна бидејќи го запознала сегашниот сопруг.