Доктор Никола Пановски смета дека најдобро е училиштата да преминат на онлајн настава, а веќе по 22 часот да нема собирања надвор, додека присуството во угостителските мерки треба да се редуцира на 30%.
„Без разлика на новиот сој, рестриктивни мерки треба да има“, вели микробиологот д-р Никола Пановски.
„Омик рон ќе дојде, ама му треба време. За него ќе треба да се обрне внимание пред Нова Година. Но, да не чекаме да се повтори ситуацијата како со Дел та сојот. Тогаш сметаа дека нема потреба од контрола на границите за граѓани кои доаѓаат од земји со висока трансмисија на Де лта сојот, а кога воведоа мерки – се однесуваа за излегување од земјава“, потсетува д-р Пановски.
Епиде*иолошката состојба во Северна Македонија е стабилна, засега нема да се воведуваат нови мерки и рестрикции, а внимателно ќе се следи состојбата со ширењето на новиот сој, најавија здравствените власти.