Периодов е преполн со матури, полуматури и апсолвентски прослави, а еден од нив годинава беше Никола, помалиот внук на легендарниот Тоше Проески, од неговата сестра Дора.
Тоше во многу наврати истакнуваше дека е многу поврзан со своите внуци, и дека тие секогаш најмногу се радуваат на неговото враќање во Крушево. За жал судбината не сакаше Тоше да дочека да ги види како раснат во прекрасни млади момчиња, но затоа нивната мајка Дора е прегорда на нив.
Таа вчера сподели фотографија на социјалните мрежи од Никола пред неговата полуматурска прослава, и ни покажа дека тој навистина веќе пораснал во прекрасно младо момче, кој го негува рокерскиот стил на вујко му.
Неговиот брат Кристијан пак, веќе е запишан на факултет во Скопје, и полека но сигурно ја започнува својата музичка кариера. На концертот кој се одржа лани во чест на Тоше, тој ја промовираше својата прва песна „We are blood“ која ја испеја во чест и му ја посвети на својот вујком а истата се наоѓа на последниот постхумен албум „Secret place“.
Веруваме дека и Тоше би бил горд на своите внуци исто како и нивната мајка.
Наталија Јосифоска