Актерот Николас Кејџ повеќе би сакал да му се обраќаат како актерски изведувач.
Оскаровецот, познат по улогите во филмовите како „Leaving Las Vegas“ и „Face/Off“, изјави дека не бил воодушевен кога го нарекуваат актер.
„За мене тоа секогаш значи – О, тој е одличен актер, затоа е голем лажго“, објасни Кејџ, додавајќи дека повеќе го сака терминот „актерски изведувач“.
„Затоа што глумата значи дека таа работа ја работиш со срце или дека ја користиш својата имагинација, сеќавања, соништа и дел од неа даваш за да комуницираш со публиката“, објасни Кејџ.
Неодамна публиката може да го гледа во филмот „Pig“, а за режисерот на оваа реализација, Мајкл Сарноски, Кејџ вели дека тој е „Архангел Мајкл“.
„Знаев дека по неколку филмски обиди бев маргинализиран во студијата и никој не сакаше да ме покани. И затоа знаев дека ако некој ме покани, тоа ќе биде некој млад режисер кој ќе се сеќава на моите претходни филмови и ќе знае дека сум во право. И затоа, тој не е само Мајкл, туку Архангел Мајкл“, изјави актерот.