Нина Бадриќ веќе некое време ужива на приватниот остров Некер на Карибите заедно со својата другарка Сандра Мељниченко која неодамна го прослави 42. роденден во друштво на сопругот Андреј и неколку блиски пријатели.
Меѓу нив оваа година беше и познатата хрватска пејачка.
Нина веќе со денови на Инстаграм објавува фотографии од одморот, а две од нив привлекоа големо внимание. Имено, во прашање се фотографиите од јахтата која е во сопственост на Мељниченко, бродот е долг 143 метри и вреди околу 400 милиони евра.
Бившата членка на групата „Моделс“ и сопруга на рускиот милијардер Андреј Мељниченко својот 42 роденден го одбележи на островот Некер во центарот на Карипско Море, кое важи за дестинација на која одмораат голем број ѕвезди и припадници на светската елита.
На престижниот остров Сандирини гостите пристигнуваа со приватни авиони, воодушевени што славеничката одлучила роденденот да го прослави на една од плажите. На списокот поканети беше и Ева Кавали, сопруга на славниот моден дизајнер Роберто Кавали.