Познатата американска водителка, Венди Вилијамс (57), која од виолетовото столче во својата емисија предвидува колку ќе трае врската на познатите парови, веќе подолго време е во лоша здравствена состојба. Нејзиното закрепнување, се чини, многумина не го очекуваат, барем не наскоро.
Музичарот Антоан Едвардс во „The Ricky Smiley Morning Show“ откри дека водителката целосно ја изгубила циркулацијата во нозете и моментално се движи исклучиво со инвалидска количка.
Дополнително, Едвардс додаде дека Венди е во рана фаза на деменција и дека раководителите на Лајонсгејт сакаат да ја спречат да влезе во нова депресивна епизода и повторно да почне да се опива.
– Борбата не е лесна. Навистина верувам дека Венди ќе се извлече од тоа. Не е лесно, но е неопходно. Моментално е стабилна. Зборував со неа и таа се држи добро – изјави тогаш нејзиниот брат Томи на Јутјуб.
Во текот на нејзината кариера, многу соработници биле загрижени за нејзината зависност од алкохол.
„Венди пиеше секој ден пред да оди во болница, дури и додека го снимаше шоуто“, изјави извор за The Sun.
Сите го гледаат тоа, но никој не сака ништо да каже бидејќи се плаши за својата работа. Секогаш била пијана, а единствено трезна била додека се опоравувала од алкохол. Не и треба шоу, потребна и е помош – додал изворот.