Иако Аца Лукас е тешко да се поврзе со козметичка корекција, самиот пејач призна дека пред десетина години и тој потклекнал пред овој тренд.
Имено, според „Информер“, во шоуто „Амиџи шоу“, Аца откри дека своевремено и инјектирал ботокс, и дека заради ваквиот третман за убавина тој брзо се покајал.
„Ставив ботокс пред десетина години“, откри Лукас, додавајќи:
– Се сеќавам, еден пријател ми кажа нешто и се смеев. Ме погледна чудно и ме праша што не е во ред со мене. Не сфатив за што станува збор, а тој ми кажува: „Па, очите ти се затегнати“ – раскажа пејачот, завршувајќи ја приказната велејќи:
– Јас нема да го сторам тоа повторно!