Нов раст на минималната плата, еве колку ќе изнесува од следниот месец

|

Пораст на минималната плата на 14.934 денари во нето износ или 21.776 денари во бруто износ предвидува членот 4 од Законот за минимална плата, пишува порталот Pravdiko.mk.

Новиот износ на минималецот ќе започне да важи од април 2020 година што би значело дека минималната плата за месец април ќе биде за 435 денари повисока од минималната плата за март.

Според ССМ постои реална потреба од зголемување на минималната плата и во иднина согласно Европските препораки и тенденции и истата треба да изнесува 60% од просечната плата во државата.

Тоа значи дека ако просечната нето плата во моментов изнесува 26.836 денари, минималецот треба да биде 16.100 денари.

Оттаму апелираат до работодавачите да го следат растот на минималната плата и ова покачување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на вработените, преку почитување на колективните договори.