Скопје Мериот хотел за корпоративните корисници создаде нов пакет конференциски услуги. Новата понуда за организирање настани од деловен карактер, ги вклучува сите неопходни елементи за организирање успешен деловен состанок или презентација. Пакетот насловен како „Сè во едно“ содржи изнајмување на простор, опрема, професионална услуга, можност за претставување на посакуваната содржина, како и две кафе паузи и ручек. Независно дали станува збор за изнајмување на просторот за половина ден или цел ден, новиот пакет услуги на хотелот обезбедува целосно и незаборавно искуство за организаторите како и за сите присутни гости.
Организирањето успешен деловен настан е од исклучителна важност за корпоративното претставување на компаниите, и токму тоа во голема мера зависи од местото каде се организира, капацитетите и професионалното ниво на менаџмент на настанот.
Скопје Мериот хотел е познат по ексклузивниот простор, одличната храна, елегантниот сценски дизајн, најсовремените простории и опрема и првокласни мултимедијални услуги. Флексибилноста која ја има хотелот е дизајнирана да ги исполни и најспецифичните барања, без разлика дали станува збор за состанок, голема конференција или забава.
Повеќе информации во врска со пакетот на Скопје Мериот достапни се на skopje.sales@marriott.com.