Нов музички хит: Еве ја „Ана“ на Суперхикс

ИЗВОРновлист
|

Суперхикс снимија нов музички спот за песната „Ана“. Убавата Ана ги оживува восочните фигури на членовите од групата „Суперхикс“. Поминувајќи пред излогот Ана им го свртува вниманието на момците и ги тера да запеат за неа.

Во спотот тие се восочни фигури. Момците од Суперхикс оживуваат благодарение на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот. На Ана сигурно ќе се сетите и од нашата македонска серија Фамилија Марковски.

Целосната екипа која што работеше на музичкиот спот е премногу задоволна од успехот и креативноста на проектот.

Во продолжение уживајте во песната!