Нов пешачки мост на местото кое беше наменето за панорамско тркало

ИЗВОРНов Лист
|

Пуштен е во употреба пешачкиот мост меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев кој ќе ги поврзува еврејското маало со сквер Јадран и градскиот плоштад, објави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Се работи за место кое претходната градска и централна власт го намени за изградба на панорамско тркало. Но, новите градски и државни власти во 2017 година се откажаа од проектот на претходната власт на мостот да се направи панорамското тркало, и се реши мостот да се адаптира во пешачки.
За да не пропаднат вложените десет милиони евра, од предвидените 20 милиони, и да не се потрошат дополнителните 3,1 милион евра за негово уривање, беше донесена одлука мостот да се заврши за да сепак биде од полза за граѓаните.

Граѓаните апелираат да се осветли Камениот мост, кој иако е симбол на градот, тоне во темница покрај ново изградените мостови околу него.