Нов топлотен невообичаен бран

ИЗВОРТелма
|

Живата во термометарот денеска се искачи на невообичаено високо ниво на Пиринејскиот Полуостров каде се измерени 42 Целзиусови степени.

Во Шпанија највисока температура од 43,3 Целзиусови степени е измерена во Канделеда, соопшти шпанската метеоролошка служба. Во другите градови на југот и во центарот, како Севиља и Бадахоз, измерени се 42 Целзиусови степени.

Во соседна Португалија, за време на викендот температурата во некои области се искачи до 44 Целзиусови степени.

Вчера топлотен бран ја зафати и Франција, највисока температура е измерена на југозападот од земјата.

За денеска се најавени температури високи до 39 Целзиусови степени.

Националната метеоролошка служба издаде т.н. портокалово предупредување за „екстремни горештини“ во Велика Британија каде на југозапад во понеделник и вторник се очекуваат над 35 Целзиусови степени.

Од метеоролошката служба издадоа предупредување за екстремна топлина, предупредување кое досега било издадено само двапати. Метеоролошката служба ги советува луѓето да останат дома и да пијат што е можно повеќе течности.