Некои велат „Годините се само бројка“, други велат „Како виното си, колку постар толку позгоден“, а некои „Не се важните годините туку како се чувствуваш“.
Секој живее според своите правила и уверувања, а надворешниот изглед е можеби само одлика на внатрешното задоволство.
Многу јавни личности во зрелата доба изгледаат многу помладо и позгодно, па слободно може да се каже дека не изгледаат на годините кои ги имаат.
Пред некое време предизвик на социјалните мрежи беше „10 years challenge“ каде што јавните личности објавуваа фотографија од архивата од пред 10 години.
Тогаш можевме да видиме кој колку се променил и како некои изгледале речиси пред една деценија.
Деновиве на социјалните мрежи се појави нов тренд, односно апликација која покажува како би изгледале за 50 години.
На овој нов тренд се приклучија и некои јавни личности кои покажаа како би изгледале во зрела доба.
Македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски вака би изгледал за 30,40 години.
Стефан Величковски исто така ја проба апликација, па покажа како би изгледал на зрели години.
Ќе погодите ли која јавна личност е оваа на старост? Станува збор за Александар Тарабунов.
Некогашниот учесник во “Ѕвездите на Гранд“; Ален Хасановиќ…со бркови и побелена коса ќе изгледа во шестата деценија од животот.
Да не биде дека само мажите се испробаа на оваа апликација, еве како и Викторија Лоба ќе изгледа на старост.
И Дарко Спејко
Сепак, станува збор само за апликација и нов предизвик на кој се придружија јавните личности.
Извор: Вистина.мк